Е, ова е дерби: Атлетико со гол во 94. минута до реми против Реал! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Атлетико и Реал одиграа одлично дерби за Мадрид кое заврши без победник (1-1). Натпреварот на „Ванда Метрополитано“ понуди многу за неутралните навивачи на фудбалот. „Кралевите“ поведоа, меѓутоа во петтата дополнителна минута Атлетико избегна пораз и предизвика ерупција на трибините.

Се играше отворено од стартот, Реал Мадрид беше подобар ама тоа не значеше ништо бидејќи приодите кон голот на Облак беа затворени. Имаа гостите по некоја шанса во првиот дел, а на одмор се замина без голови.

Во продолжението резултатот го отвори Едер Милитао, кој во 64 минута доби нафрлување од Винициус Жуниор, добро се снајде и го матира Облак за 0-1. На тоа се надоврза прекин кој го предизвикаа навивачите на Атлетико бидејќи фрлаа предмети кон теренот и голманот Куртоа.

По петнаесетина минути актерите се вратија на теренот. Реал беше порезервиран, а Атлетико се наметна и почна да притиска. По неколку неискористени шанси домаќините конечно во 95. минута дојдоа до израмнувачку гол преку резервистот Анхел Кореа. Првично голот на Аргентинецот беше поништен, меѓутоа немаше офсајд во ситуацијата.

Како јаготка на шлагот на дербито беше црвениот картон на Маркос Љоренте по старт врз младиот Фран Гарсија со отворен ѓон, а резултатски промени повеќе немаше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани