Енцо Фернандез се врати во Ривер, навивачите го поздравија со расистичката песна против Французите (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Енцо Фернандез

Енцо Фернандез се најде во нова контроверзија откако при посетата на својот поранешен клуб Ривер Плата, навивачите го поздравија со расистичката песна со која се навредуваат Французите.

Енцо Фернандез направи хаос во Челси откако во живо на Инстаграм ја пренесуваше атмосферата од автобусот на Аргентина по триумфот на Копа Америка и пееше песна со расистички навреди кон Французините, алудирајќи на африканското потекло на многу од фудбалерите во репрезентацијата.

Соиграчите од Стемфорд Бриџ веднаш го отследија од социјалните мрежи а „сините“ отворија интерна дисциплинска постапка.

Фудбалерот од средниот ред се извини, но сега се најде во нова контроверзија откако утрово го посети својот поранешен клуб Ривер Плата.

Навивачите го поздравија со расистичката песна и од трибините на „Монументал“ ечеа навредливите слогани за Французите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани