174
Легендата на уругвајскиот фудбал, Луис Суарез на прес-конференција соопшти дека наредниот меч ќе му биде последен во дресот на Уругвај.
Уругвај на 7 септември ќе го пречека Парагвај во седмото коло од квалификациите за Мундијалот во 2026 година, а тоа ќе биде последен меч за Суарез во репрезентацијата.
„Ја завршувам репрезентативната кариера, тоа ќе биде мој последен меч за Уругвај“, кажа емотивниот Суарез.