Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за престојните два натпревари од Лигата на нации, првиот е на гостински терен против Фарските острови кој го играме на 7. септември, а три дена подоцна ја пречекуваме Ерменија.
Еден од повратниците во националниот тим е Агон Елези кој е оптимист дека може да оствариме победи на престојните натпревари.
„Мило ми е што повторно сум дел од репрезентацијата. Во тимот владее позитивна атмосфера. Целта ни е првото место. Почеток на сезоната е, сите сме максимално спремни и желни за успех. Во модерниот фудбал нема предвреме добиени натпревари. Фарски острови се незгоден ривал. Мора да се прилагодиме и на вештачката трева, но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат. Македонија цели кон првото место во групата и веруваме дека имаме квалитет да го направиме тоа. Но треба да покажеме и на терен“, вели Елези.