184
Њукасл Јунајтед ризикува во последните денови од преодниот рок да остане без една од ѕвездите.
Се работи за искусниот десен бек Киеран Трипие, фудбалер кој има 33-години и полека, но сигурно паѓа во втор план во клубот. Трипие е заменик капитен во Њукасл, еден од најдобрите изведувачи на прекини во лигата, меѓутоа паѓа во редот за првотимски статус кај Еди Хау.
Во првото коло против Саутемптон Трипие беше резерва на младиот десен бек Тино Ливраменто.
Поради тоа, се шпекулира дека бекот би можел да замине. Еден од заинтересираните клубови е Евертон на Шон Дајч. Минатата зима за фудбалерот се интересираше дури и Баерн Минхен, како и неколку саудиски клубови.