Еден од најдобрите стрелци во Бундеслигата конечно потпиша за Борусија

by Стефан
1 минути читање

Tрансферот на Серху Гираси во Борусија Дортмунд конечно се реализираше откако претходно беше стопиран поради проблем на медицинските прегледи.

На прегледите во Борусија беше откриена повреда поради која „милионерите“ сакаа да направат подетални анализи.

Во Борусија биле загрижени, но денеска конечно трансферот е и официјално потврден.

Гираси кој во минатата сезона беше втор стрелец во Бундеслигата со 28 гола потпиша договор на четири години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани