126
174 вечно дерби во Србија заврши со најубедливата гостинска победа на Црвена Звезда кај Партизан (0-4).
Мечот имаше и „трето полувреме“ бидејќи по крајот група навивачи на Партизан дојде до соблекувалната на својот омилен тим и направи скандал. Тие прво извикуваа до тренерот „Станоје замини, ги издаде Гробари“, а потоа и го скршија стаклото на соблекувалната.
Во тој момент дел од скршеното стакло заврши во лицето токму на тренерот Александар Станојевиќ. Тој беше расечен на носот и челото, па на средбата со медиумите се појави со фластери (ТУКА).
Сега се појави и снимка од лудувањето на навивачите пред соблекувалната на Партизан.