Договорен важен потпис во Интер

by Стефан
1 минути читање

Интер денеска ги израдува навивачите со победата против Удинезе во шестото коло од Серија А, а сега пристигнува уште една добра вест за навивачите.

Според последните информации, бекот Дензел Дамфрис се договорил со раководството за нов договор според кој ќе се обврзе на верност до 2028 година.

Дамфрис во Интер пристигна во 2021 година, а неговиот договор истекуваше наредното лето, а сега е јасно дека нема да замине.

Медиумите пренесуваат и дека со новиот договор платата на Дамфрис ќе изнесува четири милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани