Директорот на Лацио брутално демантира: Не би го довел Хамес, во последните години игра по 12-13 натпревари!

by 24 фудбал
1 минути читање

Хамес Родригез по одличните настапи и добиеното признание за најдобар фудбалер на Копа Америка повторно е во фокусот на некои европски клубови.

Колумбиецот кој има 33 години настапува за екипата на Сао Пауло во Бразил, меѓутоа може многу лесно ова лето да се врати на „стариот континент“. Се споменуваше дека Родригез е на мета на италијански Лацио, меѓутоа оваа информација ја демантира директорот Мариано Фабиани.

Никогаш не би го довеле Хамес Родригез во ваква ситуација, шпекулациите не се висина. Тој има 33 години, а последните сезони нема одиграно повеќе од 12-13 натпревари. Имаше добар настап на Копа Америка, меѓутоа воопшто не сме заинтересирани за него“, демантира Фабиани.

Освен Лацио, се споменува и неговиот поранешен клуб Порто. Хамес Родригез настапуваше за Порто од 2010 до 2013 година, а потоа за 45 милиони евра се пресели во Монако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани