Динамо Загреб го врати најскапиот фудбалер во својата историја

by Стефан
1 минути читање

Хрватот Марко Пјаца по осум години се враќа во Динамо Загреб.

Пјаца се уште е најскапиот трансфер во историјата на Динамо откако во 2016 година Јувентус за него плати сума од 29.4 милион иевра.

Се очекуваше многу од Пјаца, но по трансферот во Торино неговата кариера не се развиваше во нагорна линија. Сигурно дека проблем за хрватскиот фудбалер беа и повредите.

Во 2017 година заработи и потешка повреда кога ги скина лигаментите на натпреварот за Хрватска и мораше да пауза половина година.

Со доаѓањето во Ријека почна повторно да прикажува добри настапи, па доби повик и од Златко Далиќ за Европското првенство на кое Хрватите беа елиминирани во групната фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани