Пред натпреварот со Ерменија во рамките од второто коло во Лигата на Нации прес-конференција одржаа селекторот Благоја Милевски и голманот на репрезентацијата, Столе Димитриевски.
Македонскиот чувар на мрежата смета дека поискусните во националниот тим треба да бидат тие што ќе го „повлечат“ тимот.
„Нормално е поранешните колеги кои не се веќе тука да имаат свое мислење, јас како заменик капитен на репрезентација сум фокусиран и максимално спремен да го одработам натпреварот со нашиот утрешен противник. Најважно е утре да победиме за да имаме шанси за првото место, па потоа можеме да зборуваме на други теми.
Ние поискусните треба да тргнеме и да го повлечеме возот за помладите да се качат. Како што кажав утре е најважен резултатот и Македонија треба да победи, тоа е во мислите на целата екипа“, изјави Димитриевски.
Натпреварот со Ерменија е закажан за утре од 20:45 часот.