117
Работнички утре му гостува на Пелистер во новото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Михаил Димитриевски вели дека ќе биде тешко, но нивната цел е победа.
„Првенството влегува во забрзан ритам и мораме да останеме фокусирани. Секој натпревар е многу важен за нас и веќе сме фокусирани на утрешниот меч против Пелистер во Битола. Тие се квалитетен тим, посебно добро играат на домашен терен, а сигурно ќе бидат осоколени и по триумфот на гости против Беса. Но, ние веруваме дека можеме да стигнеме до нов позитивен резултат. Се разбира, за тоа ќе треба да дадеме и повеќе од максимум на дуелот што ни претстои“, цели Димитриевски.
Натпреварот меѓу Пелистер и Работнички се игра од 15 часот.