163
Трансферот на Пауло Дибала во Ал-Кадсиах е пред реализација откако доцна синоќа Аргентинецот одговорил позитивно на богатата понуда на шеиците.
Дибала донел конечна одлука, ја прифаќа понудата која изнесува 75 милиони евра за три години.
Откако фудбалерот ги договил деталите со клубот од Саудиска Арабија, доцна синоќа почнале финалните преговори меѓу Ал-Кадсиах и Рома.
Според Џанлука Ди Марцио двете страни се блиску до договор, но остануваат некои детали да се допрецизираат денеска по што трансферот ќе се реализира.
Сега клучот го има Рома, тие треба да дадат зелено светло за Дибала да замине на печалба.