Екипата на Манчестер јунајтед вечерва по три нерешени натпревари стигна до првата победа во Лигата на Европа откако на домашен терен „црвените ѓаволи“ беа подобри против ПАОК со 2:0.
Првото полувреме не донесе погодоци и двата избраниците на Руд Ван Нистелрој ги постигнаа во вториот дел.
Херој беше Диало кој прво го отвори резултатот во 50. минута, па ја потврди победата во 77.
Во еден од останатите поинтересни натпревари Лацио го победи Порто со 2:1 и тоа со гол во последните моменти.. Ромањоли го доведе италијанскиот тим во водство на крајот од првиот дел, Порто во вториот дел израмни преку Еустакио, но за победа на домаќините се погрижи Педро во втората минтуа од судиското продолжение.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
Динамо Киев – Ферецварош 0:4
Хофенхајм – Лион 1:1
РФС – Андерлехт 0:1
Викторија Плзен – Реал Сосиедад 2:1
АЗ Алкмар – Фенербахче 3:1
Ајакс – Макаби 5:0