Де Хеа не се договори со Џенова, но може да брани за друг клуб од Серија А

by riste
1 минути читање

Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа сака да му се врати на фудбалот, но никако не може да најде нов клуб.

Последно се поврзуваше со Џенова, но не беше пронајден заеднички јазик околу платата на шпанскиот голман.

Новите, информации велат дека Фиорентина се приклучила во трката по Де Хеа, виолетовите се заинтересирани за голманот.

Откако замина од Манчестер јунајтед, Де Хеа е без клуб, минатата сезона не бранеше никаде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани