Фудбалерите на Баерн Минхен се бесни на судиската одлука во самиот финиш од мечот со Реал Мадрид која остави црна дамка на натпреварот.
Баерн Минхен завршува сезона без трофеј. Пропуштија водство во самиот финиш од натпреварот, а по крајот на мечот сите зборуваат за судиската грешка. Судиите свирнаа офсајд и не дозволија Баварците да ја завршат акцијата, а тие постигнаа гол.
„Ако е офсајд тогаш е офсајд, но мислам дека во фудбалот има правила, а правилата велат дека ако не е чист офсајд, а овој не беше, треба да продолжите да играте. Во последна минута да свирнете вака, мислам дека е голема, голема грешка и голема неправда. Јас не знам дали беше офсајд, но може тоа да се провери, ако не проверите како ќе знаете. Ова е срамота“, вели Де Лихт.
„Линискиот судија ми се извини и ми рече дека погрешил, но јас неам ништо од тоа“.