Де ла Фуенте: Благослов е да имаш играч како Јамал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Шпанија со 1-4 ја совлада Швајцарија во второто коло на Лигата на нациите. И покрај тоа што од 20. минута играа со човек помалку, фудбалерите на европскиот првак дојдоа до убедлив триумф.

По мечот пофалби на сметка на младата ѕвезда Ламин Јамал упати шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте, кој кажа:

Благослов е што имаме играч како Ламин Јамал. Тој може да одигра многу натпревари… Тежок терет? Ако Барселона не мисли дека може да одигра 180 минути, кажете ми. Ние секогаш ќе ги користиме нашите најдобри играчи“.

Во двата септемвриски меча Јамал одигра вкупно три полувремиња. Против Швајцарците младиот фудбалер беше асистент на првиот гол на Хоселу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани