Де Геа веќе една година нема клуб, најголем проблем за да најде е платата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Давид Де Геа повеќе од една година е без клуб, откако минатото лето му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

Во меѓувреме тој преговараше со многу клубови, се споменуваше дури и Реал Мадрид, Саудиска Арабија, клубови од Италија… Сепак, ништо од тоа не се исполни и тој и натаму е слободен агент.

Пред десетина дена се најавуваше дека Фиорентина и Џенова се заинтересирани за Де Геа. Дури се зборуваше дека „Грифоните“ имаат договор и Шпанецот доаѓа да брани во калчото, но преговорите пропаднаа во последен момент.

Се верува дека главна пречка за тоа што Давид Де Геа нема клуб е неговата плата. Агентот бара годишни примања од пет милиони евра за шпанскиот голман, што за клубови како Џенова и Фиорентина е премногу.

Останува да видиме дали и каде може да заврши Де Геа, како и дали воопшто ќе пронајде клуб за следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани