Де Брујне можеби го одигра последниот меч за Белгија!

by riste
1 минути читање

Белгија го заврши настапот на Европското првенство откако загуби од Франција со 1-0, Кевин де Брујне вели дека ова можеби е и последниот меч за него за репрезентацијата.

Белгиецот не е сигурен дали ќе продолжи да игра за својата земја, вели дека одлуката ќе ја донесе во наредниот период, откако ќе одмори.

„Се уште е рано да зборувам на тоа прашање. Прво морам да го процесирам овој пораз и елиминацијата. Зад мене е долга сезона, потребно е да го одморам своето тело и да ги наполнам батериите. Својата одлука ќе ја донесам по летото“, изјави Де Брујнe.

Фудбалерот на Манчестер Сити во овој момент има 33 години, а исто така неодамна даде и изјава во која зборуваше дека би можел да размисли за некоја понуда надвор од Европа. Неговиот договор со Манчестер Сити е со важност до 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани