203
И во второто коло од Македонската прва фудбалска лига (ПМФЛ) ќе има меч кој ќе се игра во вечерен термин, тоа ќе биде дерби дуелот меѓу Вардар и Пелистер.
Вардар оваа сезона се враќа на „Градски“, а ждрепката сакаше првиот меч на домешен терен да го играат против вечниот ривал Пелистер. Натпреварот ќе се игра на 18. август, недела, во вечерен термин, со почеток од 20 часот.
Црвено-црните лошо ја почнаа новата сезона со пораз од 3-1 на гостувањето кај Брера во Струмица. Пелистер освои бод против Гостивар откако одигра 1-1.
За разлика од минатите сезони, кога воопшто и немаше, во оваа се очекуваат значително повеќе натпревари во вечерен теремин.