Недела: 16.06.2024 – Европското првенство продолжува денеска со три нови натпревари, шлагот на денот е вечер кога ќе се сретнат Србија и Англија, програмата започнува со дуелот меѓу Полска и Холандија, а средишниот термин е наменет за Словенија и Данска.
15:00 Полска – Холандија
Денот започнува со дуелот меѓу Полска и Холандија. Пред доаѓањето на Европското првенство полската репрезентација се соочуваше со проблеми со повреди на напаѓачите, извесно е дека Робер Левандовски нема да може да настапи вечерва. Холандија е реален фаворит во оваа пресметка, но и тие мака мачеа со повреди и мораа во последен момент да прават измени во составот.
Гледајќи според формата и двете селекции се во одличен налет, Полска ги има добиено сите последни пет меча, а Холанѓаните имаат загубено само од Германија
18:00 Словенија – Данска
Во Штутгарт се игра вториот денешен меч, Словенија против Данска. Словенците важат за една од најслабите селекции на првенството, но потценувањето на нивните квалитети може само позитивно да влијае за нив. Во март тие ја совладаа Португалија, а тоа доволно зборува дека имаат што да кажат.
Прв тест на првенството за нив ќе биде Данска која иако е далеку од елитна селекција на деншниот меч ја има улогата на фаворит. Целта на Данците е пласман во нокаут фазата, а за остварување на таа цел потребна им е победа над Словенија.
21:00 Србија – Англија
Централниот меч денеска е во вечениот термин. Во Гелзенкирхен на Велтинс Арената ќе истрчаат Англија и Србија. Според обложувалниците Англичаните се најголем фаворит за освојување на трофејот на ова Европско првенство. Герет Саутгејт има одличен состав кој сега е и доволно искусен, но историјата покажала дека Англија колку и да има силен тим, ќе најде „начин“ како да кикс во одредена фаза од првенството.
Србија ја имаше таа „среќа“ да биде прв противник на Англија на ова првенство. Србите како и секогаш со голема еуфорија и очекувања одат на турнирите и што е најважно без страв од противниците, па колку и тие да важат за поквалитетни од нив. Целта на Србија е да се помине групната фаза и да се стигне колку што е можно подалеку, на денешниот меч е важно да се покаже квалитет, борбеност и достоинствено да се бранат боите на државата без притисок за резултат, а ако тој дојде ќе биде голем поттик за понатамошниот дел од првенството.