Втоник: 18.06.2024 – Денеска се комплетира првото коло од групната фаза на Европското првенство, на програмата се два натпревари, денот започнува од 18 часот кога Грузија за првпат во својата историја ќе почне еден натпревар на Европско првенство, тие играат против Турција, во вечерниот термин од 21 часот ќе се сретнат Португалија и Чешка.
18:00 Турција – Грузија
Грузија е единствениот дебитант на Европските првенства, за нив денешниот ден е историски, првпат учествуваат на едно големо натпреварување. Главна ѕвезда во тимот е Квича Кварацхелија кој ќе даде максимум за тој и неговите соиграчи да покажат дека не се залутани меѓу најдобрите на континетот.
Противник на Грузија ќе биде селекцијата на Турција која има надежна репрезентација која треба допрва да се развива. Во составот имаат повеќе млади играчи, а најмногу отскокнува фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер.
21:00 Португалија – Чешка
Вечерва својот настап на Европското првенство го почнува Португалија, прв противник им е Чешка. Португалците имаат исклучително добра репрезентација кога ќе се погледнат имињата, па важат за фаворити од сенка на ова натпреварување.
Кристијано Роналдо имаше одлично издание на последниот пријателски меч на Португалија против Ирска кога беше двоен стрелец. Но, покрај него Португалците во составот имаат и ѕвезди како Леао, Жоао Феликс, Бруно Фернандеш, Кансело, Пепе, Мендеш…
Противник на Португалија во првото коло е селекцијата на Чешка која токму против Македонија ги заврши подготовките за Европското првенство. Чесите не импресионираа против нас, победија со 2-1 благодарение на два сомнителни пенали, останува да се види дали ќе можат да се носат со Португалија вечерва.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.