Денеска на ЕП: Вечерниот термин е резвиран за ново дерби, Левандовски се враќа кај Полска

by Стефан
2 минути читање

На Европското првенство денеска се играат нови три натпревари, а дербито е закажано во вечерниот термин кога се среќаваат селекциите на Холандија и Франција.

15:00 Словачка – Украина.

Програмата се отвора со натпревар кој е тежок да се „типува“, Словачка пред почетокот на групите беше аутсајдер во оваа група „Е“, но во првото коло приреди сензација совладувајќи ја Белгија. Украина од друга страна беше фаворит против Романија, меѓутоа изгуби 3:0 во натпревар во кој целосно беше надиграна. Без разлика на стартната победа на Словачка, Украина ќе ја има фаворитската улога против Словаците кој ќе се обидат одново да приредат изненадување и да освојат барем бод со кој би дошле блиску до следната фаза.

18:00: Полска – Австрија

Во вториот натпревар Олимпискиот стадион ќе се соочат репрезентациите на Полска и Австрија. Двете репрезентации не разочараа во првото коло, Полска против Холандија, а Австрија против Франција, но сепак беа поразени. Добра вест за Полска е што Роберт Левандовски сега се враќа на теренот. Против Холандија изгледаше токму како да недостасуваше само голгетер во завршницата. Австрија од друга страна одигра добро и ја намачи Франција која во тој натпревар победи со автогол. Австријците ја имаат благата фаворитската улога, но ќе видиме што ќе се случува на теренот.

21:00: Холандија – Франција

Последниот термин е резервиран за дербито од групата „Д“ помеѓу Холандија и Франција кои ќе играат во Лајпциг.. Победа за некоја од двете селекции ќе значи пласман во следната фаза. Килијан Мбапе е неизвесен кај Французите, новиот напаѓач на Реал Мадрид се здоби со скршеница на носот во натпреварот против Австријците. Мбапе започна да тренира со маска, a според последната изјава на Дешам Мбапе ќе биде спремен да настапи и тоа секако е одлична вест за оваа селекција каде што е еден од најважните фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани