Фудбалската Лига на шампиони се врати со полн сјај, а дербито на првиот ден од третото коло меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд го оправда епитетот (5-2).
Сега рефлекторите остануваат насочени кон Шпанија, меѓутоа се вртат кон Каталонија каде што се очекува да гори. Барселона е домаќин на Баерн Минхен во европскиот класик. Каталонскиот тим предводен од поранешниот баварски тренер Ханси Флик игра во добар ритам, па се очекува да си ги тестира можностите против германскиот гигант. Сè е отворено во пресрет на дербито на денот и ништо не може да изненади.
Што се однесува до македонските фудбалери, веројатно од клупата Ељиф Елмас ќе чека нови минути во Лајпциг против Ливерпул, а поголеми шанси за настап имаат Стефан Ристовски и Аријан Адеми на гостувањето на Динамо кај Салцбург.
- Денешни натпревари во Лигата на шампионите:
Аталанта – Селтик (18:45)
Брест – Баер Леверкузен (18:45)
Атлетико Мадрид – Лил (21:00)
Барселона – Баерн (21:00)
Бенфика – Феенорд (21:00)
Манчестер Сити – Спарта Прага (21:00)
РБ Лајпциг – Ливерпул (21:00)
Салцбург – Динамо (21:00)
Јанг Бојс – Интер (21:00)