87
Фудбалската федерација на Македонија ги делегира судиите и официјалните лица за натпреварите од 11-тото коло во ПМФЛ.
Се игра скопското дерби меѓу Вардар и Работнички на „Градски“, а делегиран е Игор Стојчевски. Интересно ќе биде и во Тетово каде што Шкендија е домаќин на шампионот Струга, а правда ќе дели Стојанче Трпчевски.
Сите натпревари се играат во недела во 13:00 часот.
- Делегирани судии за мечевите од 11 коло:
Вардар – Работнички (Игор Стојчевски)
Шкендија – Струга (Стојанче Трпчевски)
Воска Спорт – Пелистер (Фуркан Идризи)
Шкупи – Тиквеш (Александар Грујоски)
Гостивар – Брера (Марјан Младеновски)
Силекс – Беса (Ивана Пројковска.