333
Црвена звезда со 2-1 ја победи Војводина во финалето од Купот на Србија кое се играше во Лозница и четврти пат по ред комплетираше двојна круна.
Црвено-белите ја потврдија доминацијата во српскиот фудбал откако вечерва кренаа уште еден трофеј.
Црвена звезда поведе со гол на Иваниќ во 37. минута, во 66. минута Спајиќ погоди со глава за 2-0.
Во осмата минута од судиското продолжение Војводина со прекрасен гол на Вукановиќ успеа само да намали на 2-1, што беше конечен резултат на финалето.