Дарвин Нуњез направи потег кој наговестува заминување од Ливерпул! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Уругваецот Дарвин Нуњез често пати е мета на критики на навивачите поради промашените шанси за гол во последните две сезони колку што е член на Ливерпул.

Сезонава зад своето име Нуњез има 18 гола и 13 асистенции, меѓутоа критиките кои ги добива се бидејќи бројката, барем на голови можеше да биде поголема со оглед на шансите.

Навивачите се убедени дека доколку Нуњез реализираше барем половина од приликите кои ги имаше денес Ливерпул би бил конкурент за титулата.

Во таква ситуација и кога човекот кој инсистираше да го доведе, Јирген Клоп заминува неговиот статус воопшто не е сигурен. Дека можеме да видиме едно такво сценарио најавува и неговиот последен потег на социјалните мрежи.

Имено, Уругваецот ги избриша сите фотографии од неговиот профил на кои е во дресот на Ливерпул и остави само негови приватни и од дресот на Уругвај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани