Данди победи во купот, Бабунски отвори со мајсторија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Како и Здравковски и Миовски претходно, Двид Бабунски и Кристијан Трапановски обезбедија следна фаза во Лига Купот со тимот на Данди Јунајтед.

Данди во денешниот натпревар против Ајр славеше победа од 2:1 и тоа два гола од слободен удар. Еден беше дело и на Бабунски.

На мајсторски начин Бабунски ја погоди мрежата на противничкиот голман во првиот дел.

По десет минути игра во вториот дел Ајр стигна до изедначување, а конечните 2:1 ги постави Форбс исто така со погодок од слободен удар. Трапановски и Бабунски заедно го напуштија теренот во 64. минута од средбата при резултат 1:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани