Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски својата кариера би можел да ја продолжи во Босна и Херцеговина.
Сериозно заинтересиран за услугите на искусниот голман е шампионот на оваа земја Борац. Тимот од Бања Лука ова лето бара замена за досегашната „единица“ Милошевиќ, а според пишувањата на босанскиот медиум „Sportsport.ba“, прва мета е токму Шишковски.
По истекот на договорот со ерменски Арарат, Дамјан Шишковски е слободен агент. Босанците најавија дека Македонецот е близу до договор со тамошниот шампион. Во својата кариера Шишковски преку Работнички замина во Финска и бранеше за Ропс и Лахти, додека подолг престој имаше во Докса на Кипар.
Борац се подготвува за настап во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите и двомечот со албанска Егнатија.