Дали сопругата на Чави најави дека тој ќе биде новиот тренер на Манчестер Јунајтед? (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Eрик Тен Хаг денеска доби отказ на позицијата тренер во Манчестер Јунајтед и сега главното прашање во Англија е кој ќе биде неговиот наследник.

Руд Ван Нистерлој кој беше помошник на Тен Хаг привремено ќе го води тимот, а во јавноста како опции се споменуваа Томас Франк, Рубен Аморим, Един Терзиќ и Чави Ернандез.

Но, големо внимание привлече објавата на сопругата на Чави на социјалните мрежи и ако судиме според истата, Чави е најблиску до клупата на „црвените ѓаволи“.

Имено, таа вчера на социјалните мрежи објави фотографија од Чави и неговиот син на која тој е во дресот на Манчестер Јунајтед.

Дали станува збор за случајност или ова е некаква најава останува да видиме во наредните денови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани