Maнчестер Сити останува без Хулијан Алварез кој ќе се пресели во Атлетико Мадрид во потрага по поголема минутажа, а медиумите најавуваат дека ваквата ситуација можеби ја отвора вратата за големо засилување на „Етихад“.
Според пишувањата на медиумите замена за Алварез би можел да биде Бразилецот Родриго од редовите на Реал Мадрид.
„Пеп Гвардиола го сонува потписот на Родриго, но во Манчестер Сити добро знаат дека се зависи од желбата на фудбалерот“, пишува „Марка“.
Меѓутоа, тешко е да се верува дека Родриго ќе сака во овој момент да го напушти Реал Мадрид. Тој кај Карло Анчелоти би требало да биде стартер во нападот со Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе.
Како можна причина да посака промена на средината е што во Мадрид веројатно констатно ќе биде во сенка на други ѕвезди, пред се Килијан Мбапе, а тука е и Винисиус кој повеќе е експониран во медиумите.
Родриго во претходните години имаше улога на „џокер“ од клупата и често пати ги решаваше натпреварите со влегувањет од клупата, додека во минатата беше регуларен стартер.