Хрватска имаше лош старт на Европското првенство, загуби од Шпанија со 3-0, а еден од најголемите трагичари е Бруно Петковиќ кој промаши пенал.
Врз него беше направен пеналот, а впечаток е дека можеше да остане на нозе и да погоди во празниот гол. Како и да е, беше досуден пенал за Хрватска, Петковиќ шутираше и промаши, потоа даде гол, но погодокот му беше поништен поради прерано влегување на Перишиќ во шеснаесетникот.
Според селекторот Далиќ, Петковиќ не требало да го шутира пеналот.
„Пеналите ги изведуваат Андреј Крамариќ и Лука Модриќ, но не беа во игра. Петковиќ не требаше да шутира, бидејќи правилото е играчот што го изнуди пеналот да не шутира. Има хиерархија во тимот и тој не треба да го шутира пеналот. Кога ја погледнав снимката, јасно е дека тој мораше да постигне гол. Имаше се отворено, без голман. Можеби тој контакт го исфрли од ритам, но тоа беше празен гол и требаше да се обиде да направи се да реализира без пенал“, изјави Далиќ.
Следниот меч на Хрватска е против Албанија, на тој меч мора да победат за да ги задржат шансите за осминафинале.