Ерик Даер покажа голема пожртвуваност на натпреварот помеѓу Штутгарт и Баерн Минхе, на гол линијата со глава блокираше еден силен шут и спречи сигурен гол.
Во еден од најчудните трансфери во зимскиот преоден рок, Баерн Минхен го ангажираше Ерик Даер, за кого не платија ништо во прв момент и висината на зделката ќе зависи од бројот на настапите и успесите на дефанзивецот.
Но поради лошата форма на останатите играчи во одбраната, Ангичанецот успеа сериозно да се наметне кај Томас Тухел.
Тој денеска покажа голема пожртвуваност на натпреварот против Штутгарт, на гол линијата со глава блокираше еден силен шут и спречи сигурен гол.
This is exactly what you've always wanted in a defender, isn't it? pic.twitter.com/LKdgy7DVG3
— The Bayern Guy (@TheBayernGuy_) May 4, 2024
Од силината на ударот му се отвори стара рана на челото, потече крв, па мораше да интервенира лекарската екипа на Баерн Минхен.
Ерик Даер продолжи да игра до полувремето, но беше заменет на стартот од вториот дел.
„Ерик имаше неколку конци на главата, од силината на ударот му се отвори раната, па во еден момент моравме да кажеме, „доста е“. Немаше потреба да ризикуваме“ – порача Томас Тухел.