138
Давор Серафимов од Шкупи нема да му биде на располагање на тренерот Ернест Ѓока до крајот на годината.
Десниот бек се повреди за време на пријателскиот натпревар против Игдир во Турција. По враќањето се утврди дека мора да биде опериран, бидејќи се работи за повреда на лигаментите во коленото и сега го чека период за рехабилитација.
Серафимов ќе биде надвор од комбинација најмалку половина година, па би можел да заигра фудбал дури во пролетниот дел од ПМФЛ.
Младиот Давор Серафимов минатата година беше главно резерва во ПМФЛ и запиша 16 настапи, а минатото лето пристигна од Вардар.