Гундоган фатен како ги оговара своите соиграчи и тоа со играч од Реал Мадрид! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Барселона со 2-1 го победи Реал Мадрид во пријателскиот натпревар одигран во САД, но Гундоган имаше забелешки за своите соиграчи кои ги сподели со Арда Ѓулер.

„Немаат мозок, не го користат. Погледни колку топки загубија во последните 15 минути“, му рекол Гундоган на Ѓулер по завршувањето на мечот.

Двајцата се Турци и покрај тоа што Гундоган игра за Германија, па можеа да зборуваат на мајчиниот јазик. Играчот од средниот ред на Барса и минатата сезона имаше многу забелешки на играта на својот тим, но за разлика од сега, тогаш работите ги кажуваше јавно.

Овој негов потег сигурно нема да им се допадне на соиграчите и тренерот Ханси Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани