Групата „Ц“ е најздодевната во историјата на Европските првенства

by Стефан
1 минути читање

Иако во главно гледаме одлично Европско првенство, сепак групата „Ц“ е исклучок и таа не е само најздодевна на ова првенство, туку и воопшто на шампионатите.

Во оваа група на шест натпревари се постигнаа седум гола. Вчерашниот натпревари Англија – Данска и Словенија – Србија кои завршија без голови само ја потврдија изедначеноста.

Англија е првопласирана поради стартната победа против Србија од 1:0. Данска и Словенија обезбедија осминафинале со три нерешени натпревари и два постигнати гола.

Останатите групи беа поефикасни. Така во групата „А“ се остигнаа 17 гола, во групата Б 14, а во групата „Д“ 15. Групите „Е“ и „Ф“ се поефикасни дури и без да се одиграат натпреварите од последното коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани