319
Манчестер Сити синоќа ја завери историската четврта по ред титула во Премиерлигата, а славјето за некои од фудбалерите траело до раните утрински часови.
Џек Грилиш е познат по тоа што со многу алкохол ги прославува трофеите на Манчестер Сити, така било и синоќа. Овојпат до крај со него останал и Родри.
Англиските медиуми пишуваат дека убаво се опуштил и Кевин де Брујне кој обично не важи за фудбалер кој се „налева“ со алкохол на прославите.
Забавата се случувала во грчкиот ресторан Феникс, на неа присуствувале сите фудбалери вклучително и Пеп Гвардиола и останатите од стручниот штаб.