99
Антоан Гризман ова лето направи „трансфер“ од компанијата Пума која го снабдуваше со копачки и опрема.
Француската ѕвезда од почетокот на сезоната играше со целосно црни копачки, веројатно бидејќи беше во преговори со новиот технички спонзор. Делува дека тој го пронајде, бидејќи во дуелот против Реал Мадрид тој ги покажа новите копачки, а со тоа ги изненади сите.
Причината за изненадување е фактот дека се работи за марката Кипста, која не е ниту посебна компанија, туку е бренд на ланецот за спортска опрема Декатлон.
Моделот на копачки кои Гризман ги носеше чинеше околу 65 евра, што е интересно бидејќи обично големите ѕвезди ги носат најскапите можни производи.