Oвој викенд започна новата сезона во Серија А и во првиот натпревар екипата на Милан се спасуваше од пораз против Торино.
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ откако стави крај играчката кариера стана советник во таборот на „росонерите“ кога во прашање се трансферите. Милан ги доведе Страхиња Павловиќ, Алваро Мората, Емерсон Ројал и Јусуф Фофана.
Новинарите по не толку сјајното издание на Милан го прашаа Швеѓанецот дали се размислува и на уште нови имиња.
„Во овој момент сме на шестиот ден од седум за креирање нов Милан. Преодниот рок се завршува кога јас ќе кажам. Овие четири играчи кои ги доведовме беа приоритет и пред да пристигне тренерот Фонсека“, изјави Ибрахимовиќ.
Милан во следното коло ќе се соочи со Парма против која ќе игра на гостински терен.