Го прашаа газдата на Баер дали ветува дека нема да го продаде Вирц во Баерн: Не можам…

by 24 фудбал
1 минути читање

Првата ѕвезда на Баер Леверкузен е Флориан Вирц. Младиот германски офанзивец со одличните партии се наметна и во репрезентацијата, а веќе привлекува огромно внимание ширум гигантите во Европа.

Еден од оние кои се силно заинтересирани е Баерн Минхен. Првиот човек на Баер Леверкузен доби прашање да вети дека нема да го продаде Вирц во редовите на лутиот ривал.

Не можам да ветам ништо. Едноставно не се знае ништо во фудбалот. Но, секако не сакаме да ги продаваме нашите најдобри играчи во директната конкуренција. Истото се случи и со Џонатан Тах летово, не сакавме да го продадеме во Германија“, изјави првиот човек на „фармацевтите“.

Баерн Минхен е познат по тоа да го купува најдоброто од Германија, па така освен што го засилува својот ростер директно го ослабнува и ривалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани