278
Италијанскиот стратег, Роберто Де Зерби се поврзуваше со најголемите европски гиганти, но сега се најавува дека е пред договор со француски Марсеј.
По заминувањет од Брајтон се очекуваше Де Зерби да седне на клупата на некој од најголемите европски клубови, меѓутоа според информациите на италијанскиот новинар Фабрицио Романо тој е пред договор со Марсеј.
Информациите на најпознатиот инсајдер кога во прашање е фудбалскиот пазар се дека Де Зерби постигнал договор за тригодишна соработка и наскоро се би требало да биде комплетирано.
Последниот чекор кој Марсеј треба да го направи е да ја плати оштетата кон Брајтон од шест милиони евра бидејќи Италијанецот се уште е под договор со премиерлигашот.