135
Кариерите на одредени фудбалери многу пати не одат во насока како што се очекува, а таков е примерот на 32-годишниот Хесе Родригез.
Шпанецот долго време беше без клуб, а сега се одлучи да продолжи во Јохор ДТ, станува збор за најдобриот клуб во Малезија. Малезискиот клуб за Хесе ќе биде десетти во кариерата.
Хесе во кариерата покрај Реал и ПСЖ играше уште за Стоук, Бетис, Спортинг, Анкарагучу, Сампдорија, Коритиба и Лас Палмас.
Во Малезија пристигнува како слободен играч откако подолг период тренираше индивидуално.