113
Данскиот фудбалски сојуз размислува за селекторска смена, иако неодамна го ангажира Мортен Вегхорст.
Селекторот Вегхорст е на боледување поради стрес, поради тоа на клупата на Данците на септемвриските дуели против Швајцарија и Србија седеше Ларс Кнудсен. Се работи за помошник тренер на Аугсбург, кој беше привремено решение за клупата.
Сепак, по добрите претстави и двете сигурни победи во Данска размислуваат да го задржат Кнудсен на селекторското столче.
Тоа значи дека човекот кој дојде да го замени Вегхорст како привремено решение, би можел да му ја „земе работата“. Вегхорст немаше ниту деби на клупата на Данска, бидејќи на Европското првенство селекцијата ја водеше Каспер Хјулманд.