275
Македонскиот второлигаш Детонит Плачковица не смета дека е време за промени и му ја довери клупата и за следната сезона на Иван Варадиновски.
35-годишниот тренер направи добри работи во Радовиш, а тоа клубот го препозна. Варадиновски ги води радовишани од јануари 2023 година, па сега доби договор и за следната натпреварувачка сезона.
Иако Детонит Плачковица не успеа да направи историски подвиг и да избори влез во ПМФЛ, сепак работата на Варадиновски е видлива. Младиот стратег во својата кариера работеше и во Саса и Пехчево.