204
Oткако претходно беше обајвено дека го раскина договорот со саудискиот Ал Шабаб, сега Фабрицио Романо со неговото популарно „here we go“ најавува дека трансферот на Иван Ракитиќ е завршена работа.
Ракитиќ и покрај добриот период во Ал Шабаб и платата од 15 милиони евра по сезона се враќа во Европа и тоа во неговата Хрватска.
Хајдук успеал да го убеди да ја прифати понудата, а Ракитиќ така уште еднаш ќе игра во татковината.
Во Хајдук на големо се подготвуваат за сезоната во која влегуваат со големи очекувања бидејќи покрај Ракитиќ тука се: Калиниќ како директор, Гатузо како тренер и Иван Перишиќ како негов соиграч.
Токму нивното присуство во тимот било една од главните причини Ракитиќ да ја прифати понудата.