202
Гостивар продолжува да претставува нови засилувања во овој преоден рок, нови фудбалери се Емануел Мбеде и Огузан Ајдоган.
Мбеде е камерунски дефанзивец кој има 28 години и пристигнува од италијанскиот Монтереси. Претходно во својата кариера беше дел од Катанија, Камбург, Кемницер, Бирмигем и младинските категории на Борусија Дортмунд.
Ајдоган е 27 годишен напаѓач кој исто така бил дел од младинските категории на Борусија, а во сениорскиот фудбал беше дел од Алеменија Ахен, Карслруе, Анкараспор Менеменспор, а во Гостивар пристигнува од Дузчеспор.
Претходно Гостивар се засили со Симоновски, Чешмеџиев, Глишиќ и Мурати.