Гостивар подобар од Вардар, Шкендија слави во дербито на колото со Шкупи! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Последното вонредно коло за 2024 година во ПМФЛ не понуди големи изненадувања, а фаворитите ја оправдаа својата улога.

Во дербито на 16. коло победа забележа екипата на Шкендија против Шкупи (2-0). Тетовчани пред својата публика со головите на Аденис Шала и Бесарт Ибраими му го нанесоа петтиот пораз на Шкупи во низа.

Домашен пораз претрпе скопски Вардар, бидејќи на „Градски“ капитулира против екипата на Гостивар (0-2). Парираа момците на Седлоски на расположениот противни, двете екипи имаа шанси во првиот дел. Човек на одлука беше Асане Диата кој постигна ефектен погодок во 63. минута, а потоа му асистира на Иван Ивановски за конечните 0-2..

Шампионот Струга минимално слави против битолски Пелистер (1-0). Средбата крај Охридското езеро ја реши Луис Кехинде кој во 18. минута погоди по атрактивна асистенција од Марјан Радески.

Силекс беше убедлив и со 4-1 ја совлада Воска Спорт во Кратово. Поведоа домаќините преку Дарко Додев, а потоа дефанзивецот Ѓорѓи Џеков доби црвен картон. Тоа не го спречи Силекс за убедливо да победи. Игњатов зголеми на 2-0, а потоа гостите се вратија преку Ларсон. Сепак, набрзина домашните дадоа два гола преку Алиќ и Донов за конечниот резултат.

Брера со голот на Мато се радува на гостувањето кај Беса во Гостивар (0-1), а Работнички со двата гола на Мазари се радува во Кавадарци кај Тиквеш (0-2).

Табела: 1. Силекс (33), 2. Шкендија (33), 3. Гостивар (33), 4. Работнички (31), 5. Струга (29), 6. Брера (19), 7. Шкупи (16), 8. Пелистер (16), 9. Беса (13), 10. Вардар (12), 11. Воска (12), 12. Тиквеш (10).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани