Голчиште на Ердон Даци, погоди од половина терен во Белгија! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот интернационалец Ердон Даци се најде во центарот на вниманието во Белгија бидејќи постигна голчиште во Втората лига.

26-годишникот даде гол за својот Деинзе против Моленбек и тоа неверојатен. Даци го забележа истрчаниот противнички голман и биеше од центарот на игралиштето. Шутот беше прецизен и заврши во мрежата на ривалот.

Инаку, Ердон Даци е повремен репрезентативец на Македонија, но не беше дел од последните списоци на селекторот Благоја Милевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани