349
Франческо Камарда важи за голема надеж на Милан и италијанскиот фудбал, а денеска тој потпишал нов договор со „росонерите“, објави најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо.
Камарда е роден 2008 година и со одличните настапи во младинските категории го привлече вниманието на себе. Според информациите на Романо имал понуди и од клубови надвор од Италија, но негова желба била да продолжи со Милан.
Пред два дена Камарда беше стрелец и во финалето на Европското првенство за фудбалери до 17 години каде што Италија го освои трофејот.
Новиот договор кој го потпиша Камарда е со важност до 2027 година.