Гиу им се извини на фановите на Челси за епското промашување (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Челси со 2-0 го победи Сервет во меч од квалификациите за Конференциската лига, но она за кое се зборува од овој натпревар е неверојатното промашување на Марк Гуи.

Фудбалерот на Челси имаше празен гол пред себе и не реализираше, ја шутна топката во голманот кој се враќаше. По натпреварот Гуи преку социјалните мрежи им се извини на фановите.

„Еј сини, сакам да ви се заблагодарам за поддршката за време на нашиот меч. Среќен сум што победивме, но разочаран од себе поради тоа промашување, знам дека имав голема шанса, и навистина жалам што не реализирав. Ве молам знајте дека ќе продолжам да работам напорно и ќе учам од моите грешки. Ви благодарам“, напиша Гуи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани